Вест
![]() |
Енергија доо и Carrier ја добија нарачката за испорака и монтажа на воздушно ладен чилер за новиот објект на ул. Васил Ѓоргов – Катна гаража со трговски центар. Чилерот Carrier 30XA Aquaforce со ладилен капацитет од 600 kW преку летниот период ќе испорачува ладна вода за потребите на вентилаторските конвектори и клима комори монтирани во објектот. Како светски лидер во областа на климатизација, Carrier прв воведе micro channel (MCHX) алуминиумски кондензатор кој овозможува до 10% зголемена ефикасност и до 30% намалување на количеството на фреон во чилерот. Исто така поради фактот што целиот MCHX е изработен од алуминиум, отпорноста кон корозија е за 3,5 пати поголема од стандардните досегашни бакар/алуминиум кондензатори. Уште од фазата на проектирање тимот на Енергија соработуваше со одговорните проектанти и изведувачи како би се избрало најдоброто решение за овој објект, изборот падна на Carrier. |

