Вест
![]() |
Алкалоид АД Скопје го избра Carrier за испорака на воздушно ладен чилер од серијата Aquaforce за новиот објект Институт за Развој кој ќе биде единствен од таков тип во Македонија. Поради високата енергетска ефикасност (до 3,2 COP за одредени модели) Алкалоид го избра Carrier Aquaforce чилерот со ладилен капацитет од 700 kW. Како светски лидер во областа на климатизација, Carrier прв воведе micro channel (MCHX) алуминиумски кондензатор кој овозможува до 10% зголемена ефикасност и до 30% намалување на количеството на фреон во чилерот. Исто така поради фактот што целиот MCHX е изработен од алуминиум, отпорноста кон корозија е за 3,5 пати поголема од стандардните досегашни бакар/алуминиум кондензатори. Овие предности како и традицијата на производство на уреди за климaтизација на Carrier од преку 105 години беа одлучувачки да одговорнатa задача за производство на ладна вода му припадне на Carrier. |

