Вест
Carrier и Енергија ја добија нарачката од Johnson Matthey за испорака на воздушно ладен чилер за новата фабрика во Бунарџик. Чилерот е од серијата 30RB Aquasnap на Carrier со ладилен капацитет од 500 kW со вграден хидро модул. Како посебна опција овој чилер ќе биде испорачан со “free cooling” опција која овозможува ладење на ниски надворешни температури без вклучување на компресорот. Со тоа се добива високо економична работа и енергетската ефикасност COP достигнува до 15.
