Вест
Ве информираме дека излезе најновата верзија на Carrier Hourly Analysis Program (HAP) софтверот. HAP е компјутерски програм кој служи за проектирање на HVAC системи за комерцијални објекти. HAP е две алатки во едно. Најпрво е програм за пресметка на топлинските добивки и губитоци и дизајнирање на системот за ладење, греење и вентилирање. Вториот дел претставува програм за симулација на енергетската потрошувачка на тој систем и пресметка на трошоците за енергија. HAP го користи методот на ASHRAE transfer function method за пресметка на товарите и детална 8.760 часовна енергетска симулација.
HAP System Design Features. HAP го пресметува потребниот капацитет за ладење, греење и ги дава потребните информации за избор на опрема:
- Капацитет за ладење, греење за простории и зони.
- Определува потребен проток на воздух за простории, зони и системи.
- Пресметува капацитет на елементите за ладење, греење.
- Пресметува вентилатори за проток на воздух.
- Димензионира чилери и котли.
HAP Energy Analysis Features. HAP ја пресметува годишната потрошувачка на енергија на HVAC и non-HVAC системите во зградите, со симулација на работата на зградата за секој од 8.760 саати во годината. Резултатите од енергетската анализа се користат за споредба на потрошувачката и ефикасноста од различни дизајни на HVAC системи со цел проектирање на најоптималното решение:
- Симулација час по час на целокупниот систем за климатизација во зградата.
- Симулација час по час на целата машинска сала во објектот.
- Симулација час по час на целиот non-HVAC систем вклучувајќи го осветлувањето и електричните уреди.
- Користење на добиените резултати за пресметка на месечната, годишната потрошувачка на енергија. Пресметката се врши со актуелни цени на енергијата.
- Графички приказ на часовните, дневните, месечните и годишните резултати.
Контактирајте не за подетални информации за неговите можности, примената и кратка презентација.


