Вест
XPower ENERGY системот на Carrier е иделано решение за домови без разлика дали биле станови или индивидуални куќи. Системот е направен да надворешната единица е малку поголема од класичен сплит уред и може да се монтира на фасада (помал капацитет) или на тераса. Внатрешната единица преставува топлински разменувач ладилен медиум / вода која понатаму се користи за централно греење / ладење во фенкојлери, подно греење, или пак дури и во радијатори. Постои можност да се приклучи и бојлер за санитарна топла вода, посебен разменувач за греење на базен како и интегрирање со сончеви колектори. Главната придобивка е самата надворешна единица во инвертер изведба која овозможува во номинални услови вложување на 1kW електрична енергија + 3kW обновлив извор на енергија (надворешниот воздух) = 4kW капацитет греење/ладење.
Самата топлинска пумпа овозможува големи растојанија помеѓу внатрешната и надворешната единица (до 70м) што ја олеснува нејзината монтажа и широк опсег на работа при промена на надворешната температура од -15 oC до +46 oC. Надворешната единица е така дизајнирана да нејзните компоненти: компресорот, вентилаторот и куќиштето се звучно изолирани така што бучавата што ја произведува оваа единица е сведена на минимум.
Детали за производот...

