Carrier избран во Хотел Marriott – Скопје

Carrier и Енергија ја добија нарачката од Хотел Marriott Skopje за испорака на високо ефикасни Carrier 30XWH вода/вода чилери/топлински пумпи.

Чилерите се со twin-rotor завоен компресор со коефициент на заштеда на енергија ESEER = 5,94.

Машинската сала ќе се состои од две високо ефикасни топлински пумпи со топлински капацитет по 970 kW и една топлинска пумпа за санитарна топла вода од 320 kW.

Вкупниот капацитет изнесува 2260 kW.

Во сите хотелски соби се инсталираат Carrier 42N вентилаторски конвектори кои се одликуваат со екстремно ниска бучава од 19 dB(A) и висока ефикасност за греење и ладење.

Вкупниот број на FCU единици е 400.

Во текот на целиот процес на проектирање и планирање, тимот на Енергија беше вклучен за изнаоѓање најоптимално и енергетски најефикасно решение за греење и ладење, имајќи ги во предвид високите стандарди коишто треба да се исполнат за функционирање на целиот HVAC систем.