Енергија предавања за топлински пумпи и инвертер технологија
☀️❄️📖 Енергија со серија на обуки за своите партнери во тренинг центарот на Енергија доо во Визбегово. На предавањата се опфатија следните теми:
• Што е ново кај TOSHIBA CARRIER HAIER топлинските пумпи?
• Нова серија на Toshiba Estia R32 топлински пумпи.
• Како најдобро да се изберат, проектираат и сетираат за да имаме максимално енергетско искористување на системите?
• Греење на топла вода од +62°C и на -25°C надворешна температура само со помош на компресор (Toshiba Estia R32 – Keymark Certificate).
Практичен дел - монтиран систем со Toshiba Estia топлинска пумпа и Carrier 30AWH inverter презентирани се сите можности на R410A и R32 топлински пумпи со поврзување на подно греење, фенкојлери и радијатори, санитарна топла вода. Поврзување на прва и втора зона на греење како искористување на безброј можности за интегрирање во централен систем на управување.
→На серијата предавања земаа присуство преку 100 инженери, дистрибутери, инсталатери, сервисери што работат со топлински пумпи и ја искористија можноста одблиску да се информираат за топлинските пумпи на TOSHIBA, CARRIER и HAIER. 
→Беа доделени дипломи за сите учесници и се разменија искуства од полето на ладење, греење и климатизација.