Шпаркасе Банка АД Скопје

Шпаркасе Банка АД Скопје е основана во 1992 година во Македонија како банка под групацијата на Steiermaerkische Sparkasse AG од Австрија. Има 36 експозитури низ целата држава, со 70 локации на банкомати и преку 700 вработени. Во 2019 година Шпаркасе Банка Скопје ја купи Охридска Банка АД Скопје и со тоа стана 5-та банка по големина во Македонија. Во 2013 година банката направи комплетно реновирање на својата управна централна зграда во центарот на Скопје. За сервер просториите кои се од исклучителна важност за банката каде е најважен квалитетот на опремата и нејзината стабилна работа при различни временски услови, изборот беше очигледен - Toshiba RAV инвертер уреди за ладење и STULZ клима ормари.


Инсталиранa опрема:

  • 2 x STULZ CCU201 клима ормар за сервер соба 2 x 23kW ладење
  • 5 x TOSHIBA RAV-SM DI hi wall инвертер единици
  • 1 x CARRIER 42QFD FS слободностоечки инвертер

Во текот на целиот процес на проектирање и планирање, тимот на Енергија беше вклучен во изнаоѓање најоптимално и енергетски најефикасно решение за ладење, имајќи ги во предвид високите стандарди коишто треба да се исполнат за функционирање на целиот сервер систем на банката. Пресудно за одлуката беа квалитетот на опремата, локалниот Toshiba и STULZ партнер во Македонија, Енергија доо со својата инженеринг и сервисна подршка.