Шифра: RAS-B10J2FVG-Е / RAS-10J2AVSG-E1
Гаранција: 36 месеци
Шифра: RAS-B13J2FVG-Е / RAS-13J2AVSG-E1
Гаранција: 36 месеци
Шифра: RAS-B18J2FVG-Е / RAS-18J2AVSG-E1
Гаранција: 36 месеци
Акциска 81.990,00 ден
Редовна 84.990,00 ден.
Редовна 91.990,00 ден
Акциска 116.990,00 ден
Редовна 127.990,00 ден.
Парапетно/подна единица е помала од стандарден радијатор, а сепак има функција на греење и ладење. Ја имате можноста да бирате помеѓу различните видови на струење на воздухот и брзина на вентилаторот. А, она што ја прави парапетната единица посебна е уникатниот ефект на греење на подот – единствениот модел кој има опција “топол под“ со кој се добива ефектот на ''подно греење''. Специјалниот филтер IAQ го чисти воздухот во просторијата користејќи ензими.
Топлиот воздух се крева, студениот воздух се спушта. Овој принцип е спречен од двата отвори на парапетната единица. За време на загревањето, топлиот воздух останува близу подот. Во режим на ладење, воздухот се носи нагоре. Трите брзини на вентилаторот овозможуваат голема удобност.
Toshiba парапетната единица e атрактивен и економичен уред кој незабележително се вклопува во сечиј дизајн и во сечиј дом. Со овој уред кој воедно е и Eco Friendly, ќе уживате и во почист амбиентален воздух. Освен лесното ракување, парапетната Единица може да се пофали и со обезбедување на оптимален комфор и функциите за заштеда.
Toshiba парапетната единица има исклучително едноставна и флексибилна монтажа. Покрај ефектот на подно греење кој го добивате со овој уред, Вие можете да бирате и индивидуален избор на струење.


ЦЕНОВНИК ЗА МОНТАЖА / ДЕМОНТАЖА НА КЛИМА УРЕД
| Опис на услуга | Цена без ДДВ (ден.) |
| Монтажа на клима уред до 3.5 kW | 7.000,00 |
| Монтажа на клима уред 4.5 kW | 7.500,00 |
| Монтажа на клима уред 5.0 kW | 8.000,00 |
| Монтажа на клима уред 6.0 и 7.0 kW | 9.000,00 |
| Монтажа на клима уред со постоечка инсталација до 4.5 kW | 5.500,00 |
| Монтажа на клима уред со постоечка инсталација до 6.0 kW | 7.000,00 |
| Демонтажа на клима уред до 4.5 kW | 2.500,00 |
| Демонтажа на клима уред до 6.0 kW | 3.000,00 |
Што опфаќа стандардна монтажа на клима уред:
Стандардната монтажа вклучува бакарна инсталација до 3 метри помеѓу внатрешната и надворешната единица.
Услугата за монтажа на клима уред вклучува:
- правење еден отвор во ѕид – цигла до 50цм или бетон до 20цм дебелина,
- до 3метри растојание помеѓу внатрешната и надворешната единица, изведено од изолирани бакарни цевки и кабел за комуникација/напојување,
- пар соодветни метални држачи за монтажа на надворешната единица,
- до 3 метри цевка/црево за одвод на кондензат, со слободен пад во соодветен одвод,
- до 3 метри напонски кабел со утикач и поврзување на електрична инсталација,
- потрошен материјал (трака за изолирање, везици, силикон, гипс и останати потрошни материјали потребни за монтажа),
- пуштање во работа, и обука на корисникот за користење на клима уредот.
Стандардната монтажа на клима уреди не опфаќа употреба на скеле или дигалка/кран, ниту евентуални додатни зафати (градежни, електрични, браварија или стакло).
За исправно работење на инвертер клима уредите во режим на ладење и греење потребно е минимално растојание на бакарната инсталација од 2 метри!
Доколку монтажата е по сложена од стандардна монтажа, цената на сите дополнителни работи/зафати се наплаќаат според ценовникот за услуги.
| Каталог | Прикажи |
|---|---|
| Toshiba Bi-Flow Catalogue MKD 2023.pdf | |
| Self-check MKD.pdf |
Веб страницата www.energija.com.mk користи колачиња со цел подобрување на Вашето корисничко искуство. Со Вашето присуство на нашата веб страница се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на колачињата прочитајте ја Политиката за колачиња