Шифра: 42QZY012D8S / 38QUS012D8S-1
Гаранција: 36 месеци
Шифра: 42QZY018D8S / 38QUS018D8S-1
Гаранција: 36 месеци
Редовна 58.990,00 ден
Редовна 75.990,00 ден
Carrier е американски и светски лидер во областа на климатизација со традиција поголема од 100 години. Основан од пронаоѓачот на модерната климатизација, Carrier е лидер во светот за системи за греење, ладење и климатизација и нуди одржливи решенија, интегрирани енергетски ефикасни производи, менаџирање со системи за централна климатизација и енергетски ефикасни системи за станбени и комерцијални објекти.
Console инвертер серијата клима уреди на Carrier ги содржат најпотребните карактеристики за ефикасен уред за греење и ладење.
Серијата Carrier Console се одликува со компресор со технологија DC инвертер и мотор на вентилатор, со што се обезбедуваат максимални перформанси со мала потрошувачка на енергија и при екстремни работни услови. Дигиталната контрола на работата се врши со најнова технологија со електронска контролна табла (микропроцесор) за максимална сигурност за добро работење.
Со опционален Wi-Fi стик, можете да контролирате една или повеќе единици и да ја прилагодите температурата, да го изберете режимот на работа или да ја програмирате работата, од каде било, преку интернет.
Програмирањето на работата ви овозможува да ја поставите работата на уредот во одредени времиња и сакани температури.
Eurovent сертификатот ги потврдува перформансите на единицата за климатизација според европските и меѓународните стандарди.


ЦЕНОВНИК ЗА МОНТАЖА / ДЕМОНТАЖА НА КЛИМА УРЕД
| Опис на услуга | Цена без ДДВ (ден.) |
| Монтажа на клима уред до 3.5 kW | 7.000,00 |
| Монтажа на клима уред 4.5 kW | 7.500,00 |
| Монтажа на клима уред 5.0 kW | 8.000,00 |
| Монтажа на клима уред 6.0 и 7.0 kW | 9.000,00 |
| Монтажа на клима уред со постоечка инсталација до 4.5 kW | 5.500,00 |
| Монтажа на клима уред со постоечка инсталација до 6.0 kW | 7.000,00 |
| Демонтажа на клима уред до 4.5 kW | 2.500,00 |
| Демонтажа на клима уред до 6.0 kW | 3.000,00 |
Што опфаќа стандардна монтажа на клима уред:
Стандардната монтажа вклучува бакарна инсталација до 3 метри помеѓу внатрешната и надворешната единица.
Услугата за монтажа на клима уред вклучува:
- правење еден отвор во ѕид – цигла до 50цм или бетон до 20цм дебелина,
- до 3метри растојание помеѓу внатрешната и надворешната единица, изведено од изолирани бакарни цевки и кабел за комуникација/напојување,
- пар соодветни метални држачи за монтажа на надворешната единица,
- до 3 метри цевка/црево за одвод на кондензат, со слободен пад во соодветен одвод,
- до 3 метри напонски кабел со утикач и поврзување на електрична инсталација,
- потрошен материјал (трака за изолирање, везици, силикон, гипс и останати потрошни материјали потребни за монтажа),
- пуштање во работа, и обука на корисникот за користење на клима уредот.
Стандардната монтажа на клима уреди не опфаќа употреба на скеле или дигалка/кран, ниту евентуални додатни зафати (градежни, електрични, браварија или стакло).
За исправно работење на инвертер клима уредите во режим на ладење и греење потребно е минимално растојание на бакарната инсталација од 2 метри!
Доколку монтажата е по сложена од стандардна монтажа, цената на сите дополнителни работи/зафати се наплаќаат според ценовникот за услуги.
| Каталог | Прикажи |
|---|---|
| Pages from CARRIER RLC 2023_En.pdf |
Веб страницата www.energija.com.mk користи колачиња со цел подобрување на Вашето корисничко искуство. Со Вашето присуство на нашата веб страница се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на колачињата прочитајте ја Политиката за колачиња