Шифра: AUCO-H12/4DR3HA / AL-H12/NDR3HB2
Гаранција: 60 месеци
Шифра: AUCO-H18/4DR3HA / AL-H18/NDR3HB2
Гаранција: 60 месеци
Редовна 51.500,00 ден
Редовна 61.500,00 ден
AUX корпорацијата е основана во 1986 година и е водечка групација во Кина во повеќе сектори. Нејзиното портфолио на производствени капацитети е огромно со повеќе од 40.000 вработени.
Секторот климатизација е најсилната дивизија во AUX со вкупно 14 фабрики во Кина, Тајланд, Бразил, Полска, Германија и Мексико. Вкупно 6 центри за истражување и развој, како и канцеларии и сервисни центри низ целиот свет.
Парапетно/подна единица е помала од стандарден радијатор, а сепак има функција на греење и ладење. Ја имате можноста да бирате помеѓу различните видови на струење на воздухот и брзина на вентилаторот. А, она што ја прави парапетната единица посебна е уникатниот ефект на греење на подот – единствениот модел кој има опција “топол под“ со кој се добива ефектот на ''подно греење''.
AUX console split инвертер системите се одликуваат со неверојатна издржливост и висока флексибилност. Широк дијапазон на издржливост при променлив напон од 125-265V и специјалните заштити на електронските компоненти допринесуваат за сигурна и долгогодишна работа на клима уредите.
WiFi контролата е стандардно вклучена во цената кај секој AUX клима уред.
Греач на надворешната единица во кадата кој се активира само при мрзнење на надворешната единица, односно не дозволува да има долги прекини на греење при минусни надворешни температури . Оптимално и ефикасно греење и при -15oC надворешна температура.


ЦЕНОВНИК ЗА МОНТАЖА / ДЕМОНТАЖА НА КЛИМА УРЕД
| Опис на услуга | Цена без ДДВ (ден.) |
| Монтажа на клима уред до 3.5 kW | 7.000,00 |
| Монтажа на клима уред 4.5 kW | 7.500,00 |
| Монтажа на клима уред 5.0 kW | 8.000,00 |
| Монтажа на клима уред 6.0 и 7.0 kW | 9.000,00 |
| Монтажа на клима уред со постоечка инсталација до 4.5 kW | 5.500,00 |
| Монтажа на клима уред со постоечка инсталација до 6.0 kW | 7.000,00 |
| Демонтажа на клима уред до 4.5 kW | 2.500,00 |
| Демонтажа на клима уред до 6.0 kW | 3.000,00 |
Што опфаќа стандардна монтажа на клима уред:
Стандардната монтажа вклучува бакарна инсталација до 3 метри помеѓу внатрешната и надворешната единица.
Услугата за монтажа на клима уред вклучува:
- правење еден отвор во ѕид – цигла до 50цм или бетон до 20цм дебелина,
- до 3метри растојание помеѓу внатрешната и надворешната единица, изведено од изолирани бакарни цевки и кабел за комуникација/напојување,
- пар соодветни метални држачи за монтажа на надворешната единица,
- до 3 метри цевка/црево за одвод на кондензат, со слободен пад во соодветен одвод,
- до 3 метри напонски кабел со утикач и поврзување на електрична инсталација,
- потрошен материјал (трака за изолирање, везици, силикон, гипс и останати потрошни материјали потребни за монтажа),
- пуштање во работа, и обука на корисникот за користење на клима уредот.
Стандардната монтажа на клима уреди не опфаќа употреба на скеле или дигалка/кран, ниту евентуални додатни зафати (градежни, електрични, браварија или стакло).
За исправно работење на инвертер клима уредите во режим на ладење и греење потребно е минимално растојание на бакарната инсталација од 2 метри!
Доколку монтажата е по сложена од стандардна монтажа, цената на сите дополнителни работи/зафати се наплаќаат според ценовникот за услуги.
| Каталог | Прикажи |
|---|---|
| Pages from (已压缩)2025 LCAC&Multi&VRF.pdf |
Веб страницата www.energija.com.mk користи колачиња со цел подобрување на Вашето корисничко искуство. Со Вашето присуство на нашата веб страница се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на колачињата прочитајте ја Политиката за колачиња