Toshiba

Daiseikai 10

Шифра: RAS-B10S4KVPG-E / RAS-10S4AVPG-E

Гаранција: 36 месеци

Шифра: RAS-B13S4KVPG-E / RAS-13S4AVPG-E

Гаранција: 36 месеци

Шифра: RAS-B18S4KVPG-E / RAS-18S4AVPG-E

Гаранција: 36 месеци

Шифра: RAS-B10S4KVDG-E / RAS-10S4AVPG-E (дрвен преден панел)

Гаранција: 36 месеци

Шифра: RAS-B13S4KVDG-E / RAS-13S4AVPG-E (дрвен преден панел)

Гаранција: 36 месеци

Шифра: RAS-B18S4KVDG-E / RAS-18S4AVPG-E (дрвен преден панел)

Гаранција: 36 месеци


  • Високи SCOP и SЕЕR од неверојатни 10,7 !!!
  • A+++ највисока енергетска класа при греење/ладење
  • преден панел изработен од дрво
  • Вградена WiFi контрола со следење на потрошувачка на ел.енергија
  • најнов Toshiba TWIN ROTARY компресор
  • 3D Air Flow, On-demand defrosting, плазма јонизирачки филтер
  • Smart follow sensor за препознавање во просторијата
  • Дизајнерски далечински управувач
  • опсег на работа ладење – надворешна температура од -15 ÷ 46oC
  • опсег на работа греење – надворешна температура од -20 ÷ 24oC
Цена

Редовна 122.990,00 ден

Редовна 128.990,00 ден

Редовна 157.990,00 ден

Редовна 133.990,00 ден

Редовна 140.990,00 ден

Редовна 172.990,00 ден

*Цената е со вкалкулиран ддв
Достапност:
По нарачка
Достапност:
По нарачка
Достапност:
По нарачка
Достапност:
По нарачка
Достапност:
По нарачка
Достапност:
По нарачка

Комплетно новиот TOSHIBA премиум ''flagship'' модел - добро познат како Rolls Royce помеѓу инвертер клима уредите - неговото Височество DAISEIKAI 10.

Daiseikai 10 на Toshiba е опремен со TWIN ROTARY компресор со супериорна ефикасност и постигнува завидни резултати во потрошувачката на електрична енергија. Употребата на поеколошки разладно средство R32, исто така, придонесува за намалување на потрошувачката, додека вградениот јонизатор и напредниот плазма филтер се грижат за квалитетот на воздухот.

Премиум линија со панел изработен од дрво и фабрички вграден Toshiba WiFi модул. Следење на потрошувачка на електрична енергија преку мобилна апликација.

Smart follow сензор за препознавање во просторијата и прилагодување на температурата преку термални сензори.

Квалитетот на филтрирање на овој уред е на самиот врв на пазарот. Toshiba плазма филтерот „Pure Mode“ е исклучително ефикасен електричен прочистувач на воздух кој гарантира филтрирање на најмалите честички. Оваа функција може да се активира со едно притискање на копче на далечинскиот управувач, користејќи повеќе фази на филтрирање за да се ослободи просторијата од чад, непријатни мириси и полен. Вториот дел од филтрацијата го презеде Super Air Ionizer со ослободување на негативни јони во воздухот, кои во голема мера влијаат на подобрување на квалитетот на воздухот. Силно антибактериско дејство имаат и дополнително произведените сребрени јони. 

Овој исклучителен уред го претставува самиот врв на пазарот благодарение на неговите перформанси во сите климатски и временски услови во текот на целата година. Се карактеризира со исклучителни резултати на енергетска ефикасност SEER до 10,70 и SCOP до 5,30, и нуди најголем достапен работен опсег. Покрај ладењето, споменатите карактеристики го прават одличен избор за греење.


              ЦЕНОВНИК ЗА МОНТАЖА / ДЕМОНТАЖА НА КЛИМА УРЕД

Опис на услуга Цена без ДДВ (ден.)
Монтажа на клима уред до 3.5 kW 7.000,00
Монтажа на клима уред      4.5 kW 7.500,00
Монтажа на клима уред      5.0 kW 8.000,00
Монтажа на клима уред      6.0 и 7.0 kW 9.000,00
Монтажа на клима уред со постоечка инсталација до 4.5 kW 5.500,00
Монтажа на клима уред со постоечка инсталација до 6.0 kW 7.000,00
Демонтажа на клима уред до 4.5 kW 2.500,00
Демонтажа на клима уред до 6.0 kW 3.000,00
  • Цената е во денари, без вклучено ДДВ.
  • Монтажа на клима уред со подготовка (пуштање инсталација  во градба, местење држачи) се наплаќа дополнително 30% од цената на услугатa редовниот ценовник.
  • Монтажата е до 3m бакарно растојание помеѓу внатрешната и надворешната единица.
  • Втора дупка во ѕид при монтажа = 800,00 денари.
  • Дополнително растојание на црево за кондензат (стандардно е 3метри). = 150,00 денари +18% по метар.
  • Дополнително растојание на напонски кабел (стандардно е 3метри). = 150,00 денари +18% по метар
  • За секој метар над 3m должина, се наплаќа дополнително.
    • 900,00 денари +18% по метар за клима уред до 3.5 kW.
    • 1.200,00 денари +18% по метар за клима уред од 4.5 kW до 7.0 kW.
  • За монтажа надвор од Скопје се пресметуваат патни трошоци.

Што опфаќа стандардна монтажа на клима уред:

Стандардната  монтажа вклучува бакарна инсталација до  3 метри помеѓу внатрешната и надворешната единица.

Услугата за монтажа на клима уред вклучува:
- правење еден отвор во ѕид – цигла до 50цм или бетон до 20цм дебелина,
- до 3метри растојание помеѓу внатрешната и надворешната единица, изведено од изолирани бакарни цевки и кабел за комуникација/напојување,
- пар соодветни метални држачи за монтажа на надворешната единица,
- до 3
метри цевка/црево за одвод на кондензат, со слободен пад во соодветен одвод,
- до 3
метри напонски кабел со утикач и поврзување на електрична инсталација,
- потрошен материјал (трака за изолирање, везици, силикон, гипс и останати потрошни материјали потребни за монтажа),
- пуштање во работа, и обука на корисникот за користење на клима уредот.

 

Стандардната  монтажа на клима уреди не опфаќа употреба на скеле или дигалка/кран, ниту евентуални  додатни зафати (градежни, електрични, браварија или стакло).

 

За исправно работење на инвертер клима уредите во режим на ладење и греење потребно е минимално растојание на бакарната инсталација од 2 метри!

 

Доколку монтажата е по сложена од стандардна монтажа, цената на сите дополнителни работи/зафати се наплаќаат според ценовникот за услуги.

 

Каталог Прикажи
HOME_RAS_Broschuere_2024_MK_[WEB] (1)-3.pdf
DAISEIKAI 10_WOOD_MK.pdf
DAISEIKAI 10_WHITE_MK.pdf