Carrier

XCT7

Шифра: XCT7

Гаранција: 36 месеци


  • капацитет на ладење: 25,2 ÷ 294,0 kW
  • капацитет на греење: 28,0 ÷ 330,0 kW
  • енергетски вредности на SEER се до 7,25 и SCOP се до 4,41
  • Carrier DC инвертерска технологија со digital scroll inverter компресор
  • голем диверзитет на капацитет од 50% до 130%
  • максимално дозволено растојание на бакарни цевки до 1000m
  • максимално висинско растојание до 90m
  • можност на поврзување до 64 внатрешни единици
  • опсег на работа ладење – надворешна температура од -15 ÷ 52oC
  • опсег на работа греење – надворешна температура од -25 ÷ 15,5oC
  • ладилен флуид R410А

Најнова генерација на VRF систем од Carrier, XCT7 7-ма генерација VRF систем за ладење/греење со широк спектар на перформанси. За комбинација со VRF внатрешни единици (ѕидни,парапетни, касетни,каналски,тавански) и рекуператори/разменувачи на топлина.

Новaта серија на XCT7 доаѓа со специјален црн премаз на изменувачот од надворешната единица кој го прави поотпорен на корозија и надворешни влијанија. Патентирана 10-степена технологија за дистрибуција на маслото за подобра заштита на компресорот и целиот систем. Софистицирана технологија која нуди супериорна примена, флексибилност и незаменливи перформанси. Можност за поврзување на DX сетови на вентили за директно испарување на фреонот во изменувачи на клима комори за централна климатизација на свеж воздух. Стандардно со функција на самодијагностицирање за мониторинг на најважните параметри од системот како и опција за Auto-restart. Можност за инфрацрвен и жичан далечински управувач (со опција за тајмери, модул за дојава на аларм и режим на работа) како и можност за поврзување со централен контролер и BMS систем на управување.

Надворешните XCT7 единици се достапни во 10 големини (8, 10, 12, 14 ,16, 18, 20, 22, 24 и 26 HP), со голем број на комбинации помеѓу нив за да се добие систем до 330 кW и до 64 внатрешни единици. Компактниот дизајн, ниското ниво на бучава и големата модулација на инвертер компресорите го прави XCT7 совршено решение за средни и големи објекти.

За повеќе информации и актуелни цени испратете барање преку полето ПОБАРАЈ ПОНУДА

Каталог Прикажи
Carrier Catalogue.pdf